Како што дознава италијанскиот Тутомеркато и Спорт Италија, Интер договорил едно засилување за летниот преоден рок.
Се работи за фудбалерот на Расинг, напаѓачот Мартинез. Вербалниот договор е тука помеѓу Интер и фудбалерот, иако Реал Мадрид и Рома се обидуваат да го запрат овој трансфер и овој 20-годишен напаѓач стигне во нивните редови.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Интер му понудил петгодишен договор кој е прифатен и ќе започне од јуни 2018. година.
Ова момче се претставува како идна голема ѕвезда на аргентинскиот фудбал, кој во првенството на таа држава постигна 4 гола на 6 натпревари, има и 2 асистенции, а доминира и во младата репрезентација со 7 погодоци на 11 натпревари.