Дома Топ вести Интер во јануари купува две ѕвезди од Серија А

Интер во јануари купува две ѕвезди од Серија А

Интер одлично ја започна сезоната, но Конте сака додатно да го засили тимот во зимскиот преоден рок.

Менаџерот на „нероаѕурите“ се пожали на малиот ростер и јавно го повика раководсвото да му донесе засиливања во јануари.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Најголема потреба од засилување има во средниот ред, а Конте има две големи желби, Милинковиќ – Савиќ од Лацио и Сандро Тонали од Бреша, пренесува „Газета дело Спорт“.

Милинковиќ-Савиќ веќе подолго време е на радарот на Интер, но и на други европски гиганти, па малку веројатно е дека Лацио ќе го пушти Србинот на среде сезона.

Многу поверојатна цел е Сандро Тонали, кој има епитет „новиот Пирло“, па Бреша би можела да го пушти доколку „нероаѕурите“ понудат помеѓу 30 и 35 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…