Интер во следниот трансфер период би можел да добие големо засилување.
Како што пренесуваат италијанските медиуми, Баерн Минхен е подготвен да го продаде Артуро Видал уште во јануари, а Интер засега покажа најголем интерес. Наводно, Баерн не може да ги толерира дисциплинските проблеми на Видал, откако беше објавено дека има проблеми со алкохолот и ноќниот живот.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Чилеанецот ја изгуби мерката, тоа влијае и на неговата игра, а Баерн нема време, ниту трпение да чека. Јуп Хајнкес на само два натпревари го стави Видал во стартниот состав и нема проблем да остане без него уште во зимскиот период.
Потсетуваме, Видал веќе играше во Италија од 2011. до 2015. за Јувентус, а договорот со Баерн му истекува во јуни 2019. година.