Легандата на Барселона и шпанскиот фудбал, Андрес Иниеста верува дека Барселона има тим за да го победи Реал на престојното „Ел Класико“.




Барселона ова лето остана без Лео Меси имаше лош старт на сезоната, но Иниеста сепак верува во квалитетот на каталонскиот тим и очекува наскоро да се искачи на врвот на табелата.




Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
„Мислам дека навивачите на Барселона се секогаш оптимисти, а најмногу пред Ел Класико. Барса има тим за титула, се надевам дека ќе одигра добро и ќе го победи Реал“, изјави Иниеста.




Каталонците беа убедливо поразени од Баерн и Бенфика во Лигата на шампиони.




„Како бивши играч на клубот тешко ми е дадам анализа за тоа. Гледајќи ги последните неколку години ситуацијата не е лесна. Доаѓаат нови млади играчи, некои важни играчи заминаа“, додаде легендата.