Фудбалскиот сојуз на Хрватска обезбеди нови дополнителни влезници за своите навивачи.
Како што пренесуваат медиумите во оваа земја обезбедени се дополнителни 3.137 влезници за полуфиналето во Москва.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Натпреварот се игра во среда со почеток во 20:00 часот на стадионот „Лужњики“.
Капацитетот на стадионот изнесува 78.000 седишта, а секој сојуз има право на 8% од капацитетот, што е околу 6.500 навивачи.
Со дополнителни влезници се очекува на стадионот во Москва да присуствуваат околу 10.000 хрватски навивачи.