Јувентус не успеа да се пласира во финалето на италијанскиот куп откако во вчерашниот реванш изгуби од Интер 1:0, во првиот натпревар во Торино беше 1:1.
Овој пораз тешко го поднел тренерот на „старата дама“, Масимилијано Алегри. Италијанските медиуми пренесуваат дека Алегри бил бесен и недалеку од соблекувалната влегол во расправија со директорите на Интер.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Газета дело Спорт“ прецизира дека Алегри ги навредувал Џузепе Марота и Дарио Бансино.
„Вие сте еден куп го*на, а и онака во првенството ќе завршите како шести“, наводно беснеел Алегри кој потоа на своите играчи им порачал дека мораат да завршат пред нив на табелата и да им оневозможат да играат во Лигата на шампионите.