Дома Трансфер зона Икарди ја игра последната сезона во Интер: Гигантот од Англија загриза за Аргентинецот

Икарди ја игра последната сезона во Интер: Гигантот од Англија загриза за Аргентинецот

Аргентинскиот напаѓач, Мауро Икарди ова лето остана во Интер иако имаше неколку интересни понуди, но изгледа дека уште во јануари би можел да ги спакува куферите.

Икарди ова лето беше на мета на Реал Мадрид, но „Кралскиот клуб“ не беше подготвен да ја активира откупната клаузула која изнесува 110 милиони евра. Меѓутоа, во италијанските медиуми се појави информација дека Аргентинецот уште во јануари би можел да ја напушти „Меаца“.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Наводно, интерес за Икарди покажа и Манчестер Јунајтед кој е подготвен да ја активира клаузулата за да не мора да преговара со Интер. Сепак, проблем на Јунајтед му прави фактот дека оваа клаузула може да ја активира во последните две недели од оваа сезона.

Но, на „Олд Трафорд“ веќе размислуваат за новата сезона и јасно е дека не сакаат да ја пропуштат приликата за доведување на 25-годишниот напаѓач. Наводно, Јунајтед веќе го контактирал агентот на Икарди, неговата сопруга Ванд, за да се обиде да ги договори условите на договорот и на крајот да остане само активирање на откупната клаузула.

Икарди во дресот на Интер одигра 184 натпревари, постигна 107 гола и запиша 24 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…