Дома Фудбал Италија Икарди незаприлив: Интер славеше и против Сампдорија (Видео)

Икарди незаприлив: Интер славеше и против Сампдорија (Видео)

Со средбата на Интер и Сампдорија е отворено 10. коло од Серија А, а „Нероаѕурите“ на „Сан Сиро“ славеа со 3:2.

Интер одлично ја отвори средбата и до водство стигна во 18. минута кога мчладиот дефанзивец Скриниар одлично се снајде по корнерот и погоди за 1:0.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


По голот на Скриниар следеше мирен фудбал, без многу шанси на обете страни, но потоа во 29. минута Перишиќ пропушти прилика за 2:0. Меѓутоа, неговиот удар од голема далечина, по слабата реакција на одбраната на Сампдорија, ја погоди стативата.

Интер сепак, само две минути подоцна доаѓа до 2:0 и тоа по фантастичниот гол на Икарди.

Во 55. минута Икарди го постигна и вториот погодок на мечот и му носи на Интер предност од 3:0.

Сампдорија во продолжението успеа да ја намали предноста во 64. минута преку Ковнацки.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Манчестер Јунајтед го прави најголемото изненадување во трансфер периодот

Манчестер Јунајтед интензивно бара ново решение за голманската позиција, бидејќи Анре Онан…