Дома Топ вести Икарди најави заминување од Интер: Ако тоа е најдобро за клубот, тогаш…

Икарди најави заминување од Интер: Ако тоа е најдобро за клубот, тогаш…

Интер синоќа уште еднаш ги разочара фановите и загуби на домашен терен од Сасуоло, со што значително ги намали шансите за пласман во Лигата на шампиони.

Трагичар на мечот беше капитенот Икарди, кој промаши неколку изгледни шанси, а тоа значи дека „нероаѕурите“ уште една година ќе останат без пласман во ЛШ.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Икарди после натпреварот истакна дека е подготвен да си замине од Интер, ако тоа е најдобро за клубот.

„Секоја година го повторувам истото, а така е и сега. Ќе зборувам со клубот и ќе видиме што ќе биде. Ако е добро за клубот да останам, ќе останам. Но, ако е најдобро да си заминам, ќе се одам“, изјави Аргентинецот.

„Јас секогаш го сакам најдоброто за тимот и за клубот. Кога сезоната ќе заврши, ќе видиме што е најдобро за двете страни. Резултатот е разочарувачки, сакавме да победиме на секој начин, но за жал не успеавме. Не ни преостанува ништо друго, освен да се надеваме дека Кротоне ќе ни пружи шанса да се бориме сами со Лацио наредната недела“, додаде Икарди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Уште еден голмански кикс во ПМФЛ – не се прослави поранешниот младински репрезентативец! (Видео)

Денешната фудбалска програма во Македонија беше отворена со еден голем кикс на голманот на…