Дома Фудбал Останато Икарди во ПСЖ веќе не зборува со двајца соиграчи?!

Икарди во ПСЖ веќе не зборува со двајца соиграчи?!

Работите за аргентинскиот напаѓач, Мауро Икарди не тргнаа баш најдобро во Париз, барем според она што се пишува низ француските медиуми.

Икарди во последниот ден од преодниот рок одлучи да го облече дресот на ПСЖ. Така конечно го напушти Интер каде што беше отпипан од страна на тренерот Антонио Конте, но во Париз наводно уште на почетокот има проблеми со одредени соиграчи.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Како што пренесува „Л’Eкип“ Икарди не зборува со Анхел Ди Марија и Леандро Пардес кои се добри пријатели со Лионел Меси и наводно поради пријателството на Меси и Макси Лопез не сакат да разговараат со Икарди.

Ќе потсетиме Икарди е оженет со Ванда Нара која е поранешна сопруга на Лопез.

Кога во прашање е спортскиот план треба да се каже дека на Икарди му се отвори шанса уште на стартот бидејќи поголемиот број напаѓачи во ПСЖ се повредени и скоро сигурно ќе го започне утрешниот натпревар против Реал Мадрид.

Икарди стигна во ПСЖ на позајмица од Интер, а клубот од Париз има опција да го откупи неговиот договор на крајот од сезоната.

Икарди за ПСЖ веќе дебитираше со тоа што доби 20-тина минути во претходното коло против Стразбур, натпревар кој ПСЖ го доби со 1:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Анчелоти плачел и го молел Касемиро да не заминува од Реал Мадрид

Бразилецот Касемиро заедно со Лука Модриќ и Тони Крос десет години царуваа на средината од…