Француските медиуми пренесуваат информација која изгледа навистина малку реална – Зинедин Зидан на клупата на Марсеј!
Игор Тудор заминува, а сезонава Марсеј ќе заврши како трет и ќе мораат во квалификациите за Лигата на шампионите. ПСЖ доминира во Лига 1, па навивачите очекуваа вицешампионска позиција, но таму заврши Ленс.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Навивачите сонуваат доаѓање на Зидан на клупата, тој е врзан за овој град ,но никогаш не го тренирал Марсеј. Неговиот пријател Дугари вели дека го чека вистинскиот проект, не сака во Премиер лигата бидејќи не го знае јазикот, а ја отфрли можноста да преговара со ПСЖ.
И Жером Ротен кој е близок со Зизу порача дека тренерот на Реал не би требало да ја прифати понудата од Парижаните.
Сепак, Марсеј мора да покаже дека е сериозен во создавање на тим кој би парирал на Парижаните и тоа не е лесно со оглед на финансиската моќ на Катарците. Не е дека Марсеј нема пари, клубо е стабилен, меѓутоа треба да се повлечат вистинските потези.
Ако Марсеј покаже сериозност, со оглед на љубовта на Зидан кон градот и клубот, тогаш можеби не би било невозможно.