Долгогодишниот асистент на Јирген Клоп, Жељко Бувач ќе го замени Арсен Венер не клупата на Арсенал, тврди босанското издание на „Правда“.
Вчера стана јасно дека 56-годишниот стартег го напушта Ливерпул, иако официјалното објаснување од клубот беше дека зел одмор до крајот на сезоната.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Според изданието „Правда“ од Бања Лука, кое денес беше цитирано од сите англиски медиуми, не е точна информацијата дека Бувач се скарал со Јирген Клоп и затоа го напушта Ливерпул.
Точно е дека, според нив, Бувач се согласил да го преземе Арсенал од следната сезона и затоа ќе го напушти Ливерпул!
Бувач, кој е уште познат како „Мозокот“, никогаш не бил самостоен менаџер на некој клуб, а од 2001 година е помошник на Јирген Клоп, во Мајнц, Борусија Дортмунд и Ливерпул.
Бувач е босански Србин и моментално не се наоѓа во Англија, туку во родниот град Омарска, каде ги „полни батериите“ за од следната сезона да влезе на голема врата во европскиот фудбал.