Aнхел Ди Марија на крајот на сезоната би можел да го напушти Јувентус по истекот на договорот.
Аргентинскиот офанзивец неколку недели наназад изјавуваше дека нема проблем да остане во Торино и дека му е убаво во Јувентус, но со Италијанците тврдат дека ситуацијата се променила со елиминацијата од Севиља во полуфиналето од Лигата на Европа.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Наводно, во Јувентус не се задоволни од играта на Ди Марија и покрај тоа што во текот на сезоната токму тој беше еден од најдобрите фудбалери на тимот.
Ди Марија во Јувентус пристигна бесплатно од ПСЖ, а оваа сезона одигра 37 натпревари и оствари учинок од осум голови и седум асистенции во сите натпреварување.
Сепак според последните информации кои ги објави Фабрицио Романо заминувањето на Ди Марија изгледа како реална опција во овој момент.