Изненадувачка вест ни пристигнува од англиски „Дејли Мејл“.
Како што пишува споменатиот англиски медиуми, екипата на Барселона е спремна да се вклучи во трката за напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Ентони Марсијал.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Претходно Марсијал најмногу се поврзуваше со Јувентус, а во последно време и со Баерн Минхен. Сепак, според „Дејли Мејл“ и уште неколку англиски и шпански медиуми овој фудбалер би можел да ја избере Каталонија како следна дестинација.
Договорот на Марсијал со Манчестер Јунајтед истекува во 2019 година, а фудбалерот неодамна обдби истиот да биде продолжен.
Се наведува и дека за да го пушти Марсијал во Барселона за возврат би можел да го побара дефанзивецот Самуел Умтити.
Наводно, Барселона за услугите на Марсијал е спремна да понуди 70 милиони евра (60 милиони фунти).
Barcelona line up £60m bid for Manchester United attacker Anthony Martial https://t.co/Zn7ldseNJv
— MailOnline Sport (@MailSport) April 17, 2018