Легендарниот шпански голман Икер Касиљас би можел кариерата да ја продолжи во Премиер лигата, бидејќи силен интерес за него покажуваат Арсенал и Челзи.
Шпанскиот весник „Don Balon“ пренесува дека клучна улога во овој трансфер ќе има неговата сопрува Сара Карбонеро, која изразила желба да живее во англиската престолнина.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Интерес за 35-годишниот Касиљас покажуваат Челзи и Арсенал, па голема е веројатноста легендарниот Шпанец од следната сезона да го гледаме во Премиер лигата.
Челзи на лето ќе остане без Асмир Беговиќ, па сметаат дека Касиљас би бил одлична конкуренција за Тубо Куртоа, а екс голманот на Реал е спремен да ја прифати улогата на втор голман.
Арсенал исто така е во потрага по нов голман бидејќи ќе се раздели со Оспина, па на „Емиарти“ Касиљас за место во тимот ќе се бори со Петр Чех.
Касиљас пред две години го напушти Реал и се пресели во Порто, а ова лето ќе биде слободен играч и може да потпише за еден од овие два лондонски клуба.