Дома Трансфер зона Изненадување: Диего Годин се враќа на фудбалот

Изненадување: Диего Годин се враќа на фудбалот

Поранешниот фудбалер и некогаш капитен на репрезентацијата на Уругвај, Диего Годин по само шест месеци се враќа во фудбалот.

Годин се пензионираше, меѓутоа по половина година пауза одлучи одново да се врати на професионалните обврски и тоа во уругвајскиот нисколигаш Поргонос. Годин со овој тим постигна договор за соработка до крајот на годината.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Станува збор за клуб со долга историја на постоење бидејќи е основан во 1910 година во една од повеќето лиги во Уругвај. Медиумите пренесуваат дека главен „виновник“ што Годин се враќа е неговиот пријатело, Гонзало Кастро, екс-фудбалер на Мајорка и Реал Сосиедад кој исто така ја прекина пензијата и потпиша за овој клуб.

Во својата последна сезона Годин го носеше дресот на Велез Сарсфилд, а претходно играше за: Вилјареал, Атлетико Мадрид, Интер, Каљари и Атлетико Минеиро.

 Својот најголем успех го постигна со Атлетико Мадрид со кој освои два трофеи во Лигата на Европа, два Супер-Купа на Европа, Ла Лига, Куп на Шпанија и Супер-Куп. Исто така со Атлетико играше и две финалиња во Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…