Дома Фудбал Англија Изненадување: Гвардиола против Челзи БЕЗ класичен напаѓач?!

Изненадување: Гвардиола против Челзи БЕЗ класичен напаѓач?!

Ова навистина би било изненадување…

Манчестер Сити во сабота со почеток 18:30 гостува кај екипата на Челзи во големото дерби на седмото коло во Премиер лигата. „Граѓаните“ се наоѓаат во одлична серија и го делат првото место на табелата со Манчестер Јунајтед, додека во Лигата на шампионите освоија максимални шест бодови.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Сепак, сега следи најголемиот тест во сезоната, гостувањето кај тврдиот Челзи, а Пеп Гвардиола наводно размислува за некоја нова тактика.

Локалниот „Manchester Evening“ пренесува дека Сити на теренот на „Стенфорд Бриџ“ би можел да истрча без класичен напаѓач, односно без Кун Агуеро и без Габриел Хесус.

За Бразилецот е очекувано да не биде стартер, бидејќи Сити изгледаше многу подобро во формацијата со еден класичен напаѓач и со Сане и Стерлинг по страничните позиции, но доколку во тимот го нема и Агуеро тоа би било навистина големо изненадување.

Англиските медиуми пренесуваат дека Шпанецот во натпреварот против Шахтјор забележал дека неговата екипа во финишот кога на теренот немаше класичен изгледала подобро.

Овој извор исто така наведува дека ова би можела да биде промена од тактичка природа, иако рака на срце не е баш јасно што Шпанецот ќе постигне без класичен напаѓач, а на теренот да ги има Силва, Де Брујн, Сане и Стерлинг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Нејмар по тешкиот пораз: Никогаш не сум доживеал нешто слично. Срам ми е.

Вчера вечер, тимот на Сантос доживеа вистински дебакл во натпреварот против Васко да Гама …