Италијанските медиуми денес лансираа вистинска „бомба“ и тврдат дека ѕвездата на Арсенал, Тео Волкот е пред трансфер во Серија А.
Имено, Волкот оваа сезона добива многу мала минутажа во Арсенал и е спремен да ја промени средината бидејќи сака да се најде на списокот за Мундијалот во Русија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Кориере дело Спорт“ пренесува дека неговиот агент започнал преговори со Милан и дека Волкот е спремен да се пресели на „Сан Сиро“.
„Росонерите“ се во потрага по крилен напаѓач, а предност е што Волкот може да игра подеднакво добро како на десната, така и на левата страна.
Милан е спремен да испрати официјална понуда до Арсенал за позајмица до крајот на сезоната со право на откуп.
Останува да видиме каков ќе биде одговорот на Арсенал, но италијанските медиуми се оптимисти дека трансферот ќе се реализира бидејќи играчот инсистира да ја промени средината.