Реномираниот „Атлетик“ денес пренес вест која звучи изненадувачки, Џејми Варди би можел да го засили Манчестер Јунајтед!
Не е тајна дека Манчестер Јунајтед е во потрага по напаѓач, Кристијано Роналдо е блиску до заминување, а Варди е новото име со „црвените ѓаволи“ се поврзуваат. Сепак, навистина звучи изненандувачки после толку години во Лестер и голем број понуди Варди сега како 36-годишник да прифати понуда од „Олд Трафорд“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во игра е Мауро Икарди, претходно се споменуваше и репрезентативецот на Австрија Саша Калајџиќ, а ќе видиме до крајот од преодниот рок дали во Јунајтед ќе ги реализираат плановите.
Варди играјќи за Лестер стана легенда на Премиер лигата и со 24 гола беше еден од најзаслужните за сензационалната титула на Лестер во сезоната 2015/2016. За Лестер одигра 387 натпревари, постигна 164 гола и подели 64 гола.