Дома Фудбал Џејми Варди во последните моменти го заврши трансферот кој е вистински хит!

Џејми Варди во последните моменти го заврши трансферот кој е вистински хит!

Џејми Варди најде нов клуб откако потпиша едногодишен договор со италијанскиот Кремонезе.

Вистинска легенда на англискиот фудбал се одлучи за возбудлива авантура во Италија, па така стана дел од Кремонезе за една сезона, со можност за продолжување на уште една година.

Триесет и осумгодишникот минатата сезона го напушти тимот на Лисиците откако постигна 200 гола во 500 натпревари за клубот, а беше и дел од тимовите што ја освоија Премиер лигата и ФА купот.

Во последната сезона, Варди постигна 10 гола на 36 натпревари во сите натпреварувања во вториот ранг на англискиот фудбал.

Феенорд се обидуваше да ја ангажира легендата на нападот, но тој одлучи да се пресели во Серија А и ќе биде само уште еден во низата фудбалски ветерани што пристигнаа во Италија, по Модриќ, Џеко, Де Брујне…

Кремонезе започна силно во овогодинешната сезона на Серија А, победувајќи ги Милан и Сасуоло во првите две кола, а Варди ќе го видиме во дресот на овој тим по репрезентативната пауза.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Одбраната на Скопје на нов тест: Тиквеш ја брка шестата сезонска победа

Скопје по ремито со Силекс гостува во Кавадарци, каде Тиквеш бара нови бодови за задржувањ…