Дома Трансфер зона Изненадување: Барселона е опција за Кавани!?

Изненадување: Барселона е опција за Кавани!?

Уругвајскиот напаѓач Едисон Кавани ова лето станува слободен играч бидејќи му истекува договорот со ПСЖ.

Кавани во редовите на ПСЖ помина седум години, но дојде време за разделба бидејќи неговото место во нападот го превзема Мауро Икарди. Кавани нема да игра ниту во продолжението од Лигата на шампионите што значи дека веќе го одигра последниот натпревар за ПСЖ. Ќе потсетиме во Франција првенството се поништи.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Затоа на големо почнаа шпекулациите околу тоа каде ќе ја продолжи кариерата, а како што пренесува „Диарио Спорт“ една од опциите е Барселона.

Каталонците сакаат ова лето да доведат напаѓач. Нивна прва опција е Лаутаро, меѓутоа доколку тој трансфер пропадна Уругваецот може да биде опција.

„Ние ќе ги сослушаме и разгледаме сите опции. Кавани ги има многу“, изјави неодамна братот и агент на Кавани.

Во дресот на ПСЖ Кавани постигна 200 голови на 300 натпревари и е најдобар стрелец во клупската историја. Освен тоа тој се уште важи за еден од најдобрите светски напаѓачи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…