Марио Балотели ја оживеа кариерата во дресот на Ница изминатата сезона постигна 26 погодоци на 38 настапи, се врати и во репрезентацијата на Италија и на првиот свој настап по кам бекот постигна и погодок.
Сепак, одлучи по ситекот на соработката да го напушто тимот од „Алијанц Ривиера“, станува слободен играч и ова лето ќе може да бира каде ќе ја продолжи кариерата.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Голем број екипи се заинтересирани да го видат во своите редови, а сега во прв план изби Олимпик Марсеј.
Интересирте на клубот од „Велодром“ се поголеми и посериозни, а по пријателскиот меч помешу Италија и Франција и стоперот на Марсеј, Адил Рами ја искористи шансата да поразговара со својот некогашен соиграч.
„Не се обидов да го убедам, не сум тренер. Разговарав со него бидејќи долго се знаеме и го почитувам како личност. Зборувавме за ништо и сешто. Сите знаат дека тој е врвен напаѓач. Можно е да се придружи на Олимпик Марсеј, бидејќи навистина созреа, а за да играте за овој тим ви треба карактер. Над се, ние во Марсеј сите го сакаме фудбалот и Марио би бил многу важна алка во екипата“, истакна Рами.