Дома Македонски спорт Мак фудбал Извлечени паровите баражот во Втората лига, за пет дена се враќа фудбалот во Македонија!

Извлечени паровите баражот во Втората лига, за пет дена се враќа фудбалот во Македонија!

После повеќе од три месеци поради прекинот од пандемијата со коронавирусот фудбалот во Македонија се враќа со баражите за Втората лига.

Денес во „Куќата на фудбалот“ беа извлечени паровите за бараж натпреварите за влез во Втората лига.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


На 7. јули на Градскиот стадион во Тетово, воведниот натпревар ќе го одиграат екипите на ФК Чаклани и ФК Фортуна.

На 10. јули на Градскиот стадион во Тетово, ќе се соочат екипите на ФК Чаклани и ФК Велешта. 

Во последниот круг на 13. јули, исто така на Градскиот стадион во Тетово, (ќе се одигра доколку има натпреварувачко значење), ФК Велешта ќе игра против ФК Фортуна.

На 10. јули на Градскиот стадион во Штип, бараж натпреварот за пополнување на Втора МФЛ – Исток ќе го одиграат екипите на ФК Росоман и ФК Слога Виница.

Сите натпревари се закажани од 17:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Женските фудбалски надежи ќе учествуваат на УЕФА турнир во БиХ

Младата женска репрезентација на Македонија до 16 години во периодот од 16 до 24 април уче…