Дома Останати Ракомет Избран најдобриот ракометар на Европското првенство

Избран најдобриот ракометар на Европското првенство

По завршувањето на финалето на Европското ракометно првенство 2024, дознавме и кој е најкорисниот играч на континенталниот шампионат кој се одржа во Германија.

Прогласен за МВП е репрезентативецот на Франција, Недим Ремили, кој имаше одлични игри низ целиот турнир.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Десниот бек ја водеше француската селекцијата до нова европска титула, вкупно четврта во нејзината историја, а прва од 2014 година.

Ремили севкупно постигна 34 голови, со шут од игра 53,97 отсто.

Играчот на унгарскиот клуб Веспрем со репрезентацијата претходно се закити со златни медали и на Олимписките игри во Токио и Светското првенство во Франција во 2017 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Maнасков брутално искрен: Нема да играм за Македонија поради Лазаров!

Ракометарот на Еурофарм Пелистер, Дејан Манасков, кој оваа сезона игра во одлична форма, о…