Траката за потписот на Сехио Агуеро веќе започна откако Аргентинецот потврди дека на лето го напушта Манчестер Сити.
Англиските медиуми објавија дека Агуеро нема да остане во Англија, туку ќе замине од Островот поради неговата 23-годишна девојка Софија Калцети.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Наводно нејзе и е досаден животот во Англија, па би сакала Агуеро да избере некој италијански клуб, како би можеле да се преселат и да живеат на Апенините.
Наводно на Калцети и одговара и преселба во Шпанија, па медиумите тврдат дека Барселона и Јувентус се фаворити за потписот на Аргентинецот.