Дома Топ вести Идеалниот тим со играчи од првенството на Саудиска Арабија изгледа одлично 📸

Идеалниот тим со играчи од првенството на Саудиска Арабија изгледа одлично 📸

Сведоци сме како фудбалери од европските првенства на големо се селат во Саудиска Арабија, а сигурно до крајот на летото ќе видиме и нови трансфери, но уште сега тимот составен од најдобрите играчи во првенството на Саудиоска Арабија изгледа одлично.

Во идеалниот тим има двајца „староседелци“, Ахмед Хегази (32) од Ал Хилал и Гиасин Конан (27) од Ал Наср. Египќанецот Хегази пристигна во 2020 година од ВБА, додека репрезентативецот од Брегот на Слоновата Коска минатата година од Ремс.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Како трет стопер е Калид Кулибали кои се пресели во Ал Хилал од Челзи, а на голот е Едуард Менди. Канте исто така од Челзи дојде во ова првенство во Ал Итихад. Брозовиќ по долги преговори му се придружи на Роналдо во Ал Наср, потоа од Вулвс во Саудиска Арабија дојде Рубен Невеш.

Во нападот се Жота, Фирмино, Роналдо и Бензема, па така се формира тим кој дефинитивно изгледа одлично.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…