Дома Фудбал Италија Игуаин се извинува: Судијата добро знае што му кажав, но луѓе сме, не сме роботи

Игуаин се извинува: Судијата добро знае што му кажав, но луѓе сме, не сме роботи

higuain

Гонзало Игуаин беше исклучен во вчерашниот натпревар помеѓу Милан и Јувентус (0:2).

Ќе биде тоа ноќ за заборав за аргентинскиот фудбалер. Промаши пенал за изедначување во првото полувреме, а потоа во финишот од натпреварот беше исклучен поради жесток приговор кон судијата.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


После натпреварот Игуаин и самиот сфати дека неговата реакција била погрешна и испрати извинување.

„Се извинувам на сите, соиграчите, тренерот, навивачите и судијата кој добро знае што му кажав. Мислам дека судиите понекогаш треба да ги разберат емоциите на фудбалерите во одредени моменти“.

„Не требаше тоа да го направам. Ја прифаќам одгворноста, погрешив и знам дека вакво нешто не смее да ми се повтори. Сепак, емоциите се посебни кога играте против вашиот поранешен тим. Луѓе сме не сме роботи, имаме емоции“, изјави напаѓачот на Милан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Со Аргентина стана светски шампион во 2022 година, а денес две години е без клуб

Aргентинскиот фудбалер, Алехандро Папу Гомез (36) пред две години падна на допинг тест. Го…