Овие денови се појавија информации дека Роналдо би можел да направи сензационален трансфер и ова лето дресот на Реал да го замени со оној на Јуве.
Некои веќе сметаат дека работата е готова, а сега интересно звучи и изјавата на Роналдо од април оваа година кога после овациите на Алијанц стадионот порача „Јувентус е клубот кој го сакам од детството.“
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Нешто порано се појавија шпекулации дека неговиот поранешен соиграч од Реал, Гонзало Игуаин би можел да го напушти Јуве и дека веќе почнал преговори со Челси.
Сепак, сега братот на Гонзало и менаџер Николас Игуаин ги демантира преговорите со Челси, но и порачал дека ќе биде убаво повторно да го види неговиот брат со Роналдо во иста екипа.
„Не преговараме со Челси. Гонзало сака да го испочитува договорот со Јувентус, а ќе биде убаво да се видат Игуаин и Роналдо да играат заедно.“ – изјави Николас за Скај Спорт, а пренесува новинарот Фабрицио Романо.
Nicolas #Higuain, brother and agent of Gonzalo at @SkySport: “We are not in talks with Chelsea. He wants to respect his contract with Juventus, would be great to see Higuain and Cristiano Ronaldo playing together again”. #CFC #Juventus
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) July 4, 2018