Дома Фудбал Англија Игуаин пред уште еден голем трансфер

Игуаин пред уште еден голем трансфер

Аргентинскиот напаѓач Гонзало Игуаин (32) може да направи уште еден голем трансфер.

Како што пренесува британски Експрес, интерес за услугите на искусниот напаѓач покажува Волвс, кој ќе се обиде да го ангажира во текот на летото.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Игуаин наводно силно посакува да го напушти Јувентус. Во Торино не се чувствува среќен, а англискиот премиерлигаш тоа сака да го искористи и да го донесе во своите редови.

Олеснување за Волвс секако може да биде и тоа што Јуве е заинтересиран за нивниот напаѓач Раул Хименез и лесно може да дојде до размена на играчи.

Ако Игуаин се пресели во Англија, тоа ќе биде негово враќање во ПЛ, каде во 2019. година постигна пет погодоци на 19 настапи за Челси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Граѓаните бараат од Гвардиола да донесе одлука веднаш

Раководството на Манчестер Сити побара од менаџерот на Тимот, Пеп Гвардиола, да ги открие …