Eпскиот дебакл против Баерн од 8:2 во четвртфиналето од Лигата на шампионите силно ја здрма Барселона и од клубот веќе си заминаа спортскиот директор Ерик Абидал и тренерот Кике Сетиен.
Следно што следи е поставување нов тренер и тоа многу веројатно ќе биде Куман, а потоа доаѓа реконструкцијата која ќе се спроведе се очекуваат многу промени. Постојат гласини дека дури и Меси би можел да ја промени средината.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Аргентинецот има договор со Барселона до следното лето, но тешката ситуација во која се најде клубот наметна такви најави.
Гонзало Игуаин смета дека доколку Меси би заминувал за него не би било добро да оди во Англија.
„Англија е навистина тешка и комплицирана. Таму стоперите се градени како плакари и се игра грубо, добивате многу ќотек, а судиите ништо не судат. Јас во шест месеци не можев да се прилагодам и таа лига нема врска со шпанската. Ле игра фудбал на високо ниво, но во Англија сигурно не би му било лесно“, изјави Игуаин.