Дома Фудбал Италија Игуаин: Веќе се чувствувам дел од семејството Милан!

Игуаин: Веќе се чувствувам дел од семејството Милан!

Гонзало Игуаин ова лето пристигна во Милан од редовите на големиот ривал Јувентус и веднаш се вклопи во тимот на „росонерите“.

Игуаин вчера постигна два гола против Киево и тоа беше петиот натпревар по ред на кој постигува гол оваа сезона.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Чувствувам дека веќе сум дел од семејството Милан. Ние сме фантастична група која работи напорно и сакаме да се подобруваме од натпревар во натпревар“, изјави Игуаин.

„Имавме малку тежок старт, но сега сме на вистинскиот пат и треба да продолжиме така. Милан ми даде многу самодоверба и поддршка од првиот ден и сакам да се заблагодарам за тоа. Ова е фантастичен клуб, еден од најтрофејните во светот, а тоа е мотив плус за мене“, додаде Аргентинецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Анчелоти го нарече најдобар во светот, а Перез реши да го продаде на денот на финалето со Барселона!

Откако одигра 22 минути против Атлетико во полуфиналето на Суперкупот, заработи повреда и …