Дома Топ вести Играчот на ПСЖ е приоритет за Јувентус

Играчот на ПСЖ е приоритет за Јувентус

Андреа Пирло вчера го имаше првиот работен ден како тренер на Јувентус и се очекува да направи мала реконструкција на тимот.

Најголеми промени ќе претрпи средниот ред каде веќе заминаа Пјаниќ и Матуиди, а на излезна врата е Кедира.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Пристигна Артур, а италијанските медиуми пренесуваат дека прва желба на Пирло е играчот за врска на ПСЖ, Леандро Паредес.

Аргентинецот има големо искуство во Серија А и се очекува „бјанконерите“ наскоро да започнат преговори за негов трансфер во Торино.

Промени ќе има и во нападот каде Гонзало Игуаин сигурно заминува, а како негова замена се споменуваат Един Џеко и Милик.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…