Турскиот фудбалер, Арда Туран, поминува низ тежок период откако пред неколку дена беше исфрлен од репрезентацијата поради инцидентот со еден новинар.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Конфликтот како што е познато бил толку сериозен, што дошло и до физички контакт во авионот со кој репрезентацијата на Турција се враќаше од пријателскиот натпревар против нашата репрезентација (0:0).
Сега, според пишувањето на каталонскиот „Спорт“, Арда Туран, во последно време има големи проблеми со коцкањето, а наводно останал без огромна сума на пари во едно казино во Барселона.
Оваа вест ја пренесуваа и турските медиуми кои наведуваа дека се разочарани од однесувањето на довчерашниот капитен на нивната селекција. Туран во овој момент се наоѓа во Мека, во Судиска Арабија и не сакаше да ги коментира овие обвиненија.