Дома Фудбал Англија Играчите на Челзи против Сари: Не убива на тренинзите!

Играчите на Челзи против Сари: Не убива на тренинзите!

Антонио Конте минатото лето доби отказ на клупата на Челзи и тоа откако што фудбалерите на овој тим се побунија против него.

На негово место пристигна Маурицио Сари, а по само неколку месеци, атмосферата меѓу „Сините“ не е ниту малку добра. Сари ги „уништува“ фудбалерите поради напорните тренинзи. Дури им организира и утрешни тренинзи по вечерашните натпревари, што многу ги фрустрира.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Исто така, на Сари му се лутат поради тоа што целосно ги игнорира барањата на играчите и многу лесно би можело да се случи тој за многу кратко време да биде поранешен тренер на Челзи.

Овие обвинувања доаѓаат откако што Сари се скара и со еден навивач, кој беше многу незадоволен по тешкиот пораз од Борнамут (4:0).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Најплатениот фудбалер во Премиер лигата заработува 2,5 милиони евра месечно!

Поради почетокот на новата сезона, англиските медиуми објавија листа на Топ 10 најплатени …