Дома Фудбал Италија Играчите на Наполи плачеле кога дознале за отказот на Анчелоти

Играчите на Наполи плачеле кога дознале за отказот на Анчелоти

Наполи со победата против Генк од 4-0 избори пласман во осминафиналето во Лигата на шампиони, меѓутоа атмосферата во соблекувалната по средбата била тажна.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Без оглед на триумфот, претседателот Аурелио де Лаурентис реши да му даде отказ на Карло Анчелоти и тоа против желбата на играчите.

Поради спротивставувањето кон Де Лаурентис, атмосферата во тимот беше многу напната во изминатиот период, па тоа се одрази и на резултатите.

Кога дознаа дека Анчелоти добил отказ, многумина почнале да плачат во соблекувалната по мечот, тврдат италијанските медиуми.

По отказот некои фудбалери како Кулибали и Зиелински јавно го поддржаа Анчелоти, а Наполи експресно најде замена и денес официјално ќе биде назначен Џенаро Гатузо за нов тренер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

(Видео) Биелса по испаѓањето им се развика на новинарите: Доста веќе!

Познато е дека Марсело Биелса не е љубител на разговори со новинари, а се чини дека испаѓа…