Еден од најдобрите стрелци во суперлигата последните неколку години е нов играч на Голден Арт КЛ7. Велешанецот Ивица Илиев со целиот багаж на суперлигашко искуство, луцидност во играта и убоитост во постигнување на голови ќе придонесе за подигање на конкурентноста на тимот и поквалитетен развој на младите играчи во тимот.
Покрај несомнено високите ракометни квалитети, клубот и луѓето кои го водат многу добро ги познаваат и човечките квалитети на вториот стрелец на суперлигата во сезоната која заврши. Токму затоа падна изборот на Илиев, кој покрај задачите како играч кој треба да биде пример за младите како на тренинг така и на самите натпревари, ќе ја има улогата на помошник на шефот на стручниот штаб, Никола Матлиески подготвувајќи се за својата следна улога во ракометот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
“Ентузијазмот на луѓето во клубот, амбициите кои ги има клубот во следните години и политиката на развој на младите играчи и млади тренерски кадри беа доволна причина за мене како искусен играч, да се одлучам да пристапам кон Голден Арт КЛ7. Матлиески како тренер и човек исклучително го ценам, со постоечкиот играчки кадар и со тоа што се планира како надградба очекувам клубот експресно да се врати во суперлигата. Верувам дека ќе пренесам дел од моето искуство на младите играчи во клубот, а од друга страна ќе имам што да научам од првиот тренер на кој ќе му помагам во работата” – изјави Илиев при потпишувањето на договорот со претседателот на клубот, Сашко Даев.