Дома Фудбал Италија Ибра се врати со гол, Милан подобар од Лацио🎥

Ибра се врати со гол, Милан подобар од Лацио🎥

Милан го доби дербито со Лацио (2:0) и после третото коло во Серија А има максимален број на бодови.

„Росонерите“ одлично го почнаа мечот и доминираа цело прво полувреме, па не му дозволија на Лацио воопшто да се закани.

На крајот на првиот дел Леао одлично ја заврши контрата и му донесе предност на Милан. Во 46-та минута Кеси имаше шанса од пенал да донесе сигурна предност, но ја погоди пречката.

Во вториот дел Милан ја контролираше играта, а во 60-та минута во игра влезе Ибрахимовиќ, кој се врати на терените после четири месеци.

На Ибра му требаа само неколку минути да постигне гол после одличната асистенција на Ребиќ за конечни 2:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Еди Хау го одби Ланс, чека подобра понуда

Еди Хау, поранешниот тренер на Њукасл, го одби францускиот клуб Ланс, кој му понуди позици…