Дома Фудбал Италија Ибрахимовиќ: Не ми треба „Златната топка“ за да покажам дека сум најдобар

Ибрахимовиќ: Не ми треба „Златната топка“ за да покажам дека сум најдобар

Златан Ибрахимовиќ е еден од оние големи играчи кои во кариерата не успеале да ја освојат Златната топка, но за Ибра тоа не е проблем.

Напаѓачот на Милан порача дека не му треба „Златната топка“ за да покаже дека е најдобар. Ова признание за 2021 година по седми пат заврши кај Лионел Меси.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


„Која е тајната на мојата долговечност? Таков ми е менталитетот. Тренирам на истиот начин на кој играм. Секој ден е финале. Беше тешко кога вторпат дојдов во Милано, но направивме тим.  Создадовме една убава атмосфера“, изјави Ибрахимовиќ.

Шведскиот репрезентативец во саботата против Удинезе стигна до бројката од 300 гола во топ првенства во овој век, нешто што им успеало само уште на Меси и Роналдо.

„Златната топка е голема и важна награда, но не ми е потребна за да покажам дека сум најдобар“, изјави Ибрахимовиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ливерпул потроши 300 милиони фунти за трансфери, но може да си дозволи да потроши уште повеќе

Ливерпул ќе стане единствено и категорично тимот што потрошил најмногу пари за трансфери в…