Дома Фудбал Останато Ибрахимовиќ до Американците: Начинот на натпреварување ви е сра*е

Ибрахимовиќ до Американците: Начинот на натпреварување ви е сра*е

Златан Ибрахимовиќ е познат како фудбалер кој никогаш немал проблем да го каже она што го мисли, па дури и да го критикува местото каде што игра.

Ибрахимовиќ најде замерка во начинот на натпреварувањето во САД. МЛС како и поголемиот дел од професионалните лиги во американските спортови е поделена на Исток и Запад при што со клубовите од иста конференција се игра два пати, а со оние од спротивната еднаш. Но, шампион не се станува после 34 кола, туку во после плеј-офот кој следи потоа.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


За Златан тоа е глупаво.

„Кога зборувате за доигрувањето, само треба да влезете во плеј-офот да победите неколку натпревари и тоа е тоа. Како можете да создадете победнички менталитет кога се борите за влез во плеј-оф? Начинот на натпреварување ви е сра*е. Јас имам ист менталитет секој ден. Резултатот од секој натпревар треба да е важен, но тука можеш да завршиш седми, да влезеш во плеј-офот и да победиш“, изјави Ибрахимовиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Пиоли заминува, Милан спреми список од три имиња

Tимот на Милан нема баш најдобри резултати сезонава, па поради тоа започнува да се тресе и…