Дома Фудбал Репрезентации Ибрахимовиќ донел конечна одлука: Се враќа во репрезентацијата на Шведска

Ибрахимовиќ донел конечна одлука: Се враќа во репрезентацијата на Шведска

Златан Ибрахимовиќ се враќа во репрезентацијата на Шведска.

Искусниот напаѓач на 39 години игра одлично во Милан и сега се спрема за враќа во селекцијата на Шведска од која се повлеќе пред пет години.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Скај Спорт“ тврди дека Ибрахимовиќ ќе биде на списокот на селекторот Јан Андерсон за дуелите со Грузија, Косово и Естонија.
Популарниот Ибра неодамна го продолжи договорот со Милан до летото 2022 година и очигледно планира уште да игра. Ибрахимовиќ одлучи да остане уште една сезона на „Сан Сиро“ и повторно ќе заработи седум милиони евра.

Искусниот 39 годишен голгетер во тековната сезона на 14 натпревари во Серија А постигна 14 голови. За репрезентацијата на Шведска запиша 116 настапи и постигна 62 голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Лапорт пристигнува во Билбао за Лигата на шампионите!

Емерик Лапорт повеќе нема да биде член на Ал Наср по две сезони во Саудиска Арабија. Сепак…