Дома Фудбал Англија Ибрахимовиќ доаѓа во Евертон во „пакет“ со Анчелоти

Ибрахимовиќ доаѓа во Евертон во „пакет“ со Анчелоти

Веќе подолго време Златан Ибрахимовиќ се поврзува со враќање во Серија А, но последните информации говорат дека напаѓачот е многу поблиску до до Премиер-лигата отколку до „Серија А“.

За Ибрахимовиќ силен интерес покажува Евертон, кој е во напредни преговори со Карло Анчелоти. Се верува дека италијанскиот тренер го убедил Швеѓанецот да му се придружи во дресот на „карамелите“.

Анчелоти веќе пристигна во Англија на финални преговори се чека во секој момент да биде официјално именуван за нов тренер на Евертон.

Италијанските медиуми тврдат дека токму тоа е причината што Ибра се уште не дал одговор на понудите на Милан и Наполи, па во моментов е најблиску до Евертон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барѕаљи со светла иднина како тренер, вели Балдини

Силвио Балдини, селекторот на Италија У21, е импресиониран од својот асистент Андреа Барѕа…