Златан Ибрахимовиќ од неодамна пристигна во редовите на Лос Анџелес Галакси и веќе на самиот старт од својата авантура во САД покажа дека не е само доведен поради маркетинг.
Да потсетиме, Ибра имаше спектакуларно деби во кое постигна два погодоци – еден со волеј од огромна далечина и еден во финишот за победа.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Швеѓанецот беше стрелец и на последниот натпревар во својот тим и тоа на единствениот одлучувачки погодок на средбата против Чикаго (0:1). При овој гол на Ибрахимовиќ асистент беше поранешниот фудбалер на Челзи, Ешли Кол.
Интересно е што ова беше веќе втора асистенција за Кол од кога Ибра е во Галакси (и претходната беше за Швеѓанецот), а претходно за исто толку асистенции му беа потребни дури 60 натпревари!
2 – Ashley Cole has two assists (both to Zlatan Ibrahimović) in the three games since the Swede's #MLS debut, as many as he had in his first 60 appearances with the LA Galaxy. Resurgence. pic.twitter.com/yTZSL03I4I
— OptaJack⚽️ (@OptaJack) April 16, 2018
Изгледа дека доаѓањето на Ибрахимовиќ во Галакси го препороди искусниот фудбалер или пак претходните напаѓачи не ги користеле на вистински начин неговите проигрувања.