Дома Фудбал Италија Ибрахимовиќ беше прашан за Чалханоглу: Кој е тој човек?

Ибрахимовиќ беше прашан за Чалханоглу: Кој е тој човек?

Златан Ибрахимовиќ тврди дека не го познава Хакан Чалханоглу, иако до пред неколку месеци играа заедно во Милан.

Синоќа се играше градското дерби помеѓу Милан и Интер кое заврши без победник (1:1).

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Голот на „нероаѕурите“ го постигна екс играчот на Милан, Хакан Чалханоглу, кој притоа го прослави со провокација до фановите.

„Како ја коментирам прославата на Чалханоглу? Не знам кој е тој човек, а и не коментирам играчи од Интер“, изјави во свој стил Ибра.

„Ремито не е за славање, но не можеме да бидеме незадоволни. Мислан дека оваа сезона сме зрели за нешто повеќе и одиме по Скудетото“, додаде 40-годишниот голгетер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

„Ако треба да те у*ијам, ќе го направам тоа“: Фудбалер на Реал Мадрид испрати морбидна порака до колега

Во сенка на неодамнешниот бараж за пласирање на Светското првенство, се одвиваат подготовк…