Во само неколку дена Шкупи и Тиквеш повторно ќе ги одмерат силите. Во саботата беше 0:1 за гостите од Чаир, а утре Шкупи ќе биде домаќин, но во Купот на Македонија во рамките од осминафиналето.
Нема калкулации, кој ќе победи тој ќе оди во следната фаза. Бекот на чаирчани, Фисник Зука го најави мечот за клупскиот сајт.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Важна е победата за нас во Кавадарци, сега ќе го пречекаме Тиквеш дома на нашиот стадион. Ќе се бориме за да се пласираме во следната фаза, нашите цели се јасни, сакаме успех и на двата фронта. Утре очекувам голема поддршка од „Шверцерите“, најдобрата навивачка група во Македонија“, изјави Зука.
Фото: ФК Шкупи