Дома Останати Тенис Зошто секогаш кога ќе го освои Вимблдон Ѓоковиќ јаде трева?

Зошто секогаш кога ќе го освои Вимблдон Ѓоковиќ јаде трева?

Новак Ѓоковиќ вчера успеа да го совлада Роџер Федерер во финалето на Вимблдон.

Првиот рекет во светот триумфираше во епски меч после пет сета и пета часа игра. Роџер Федерер во 16-тиот гејм од петиот сет имаше и две меч топки на свој сервис, но не ги искористи Ѓоковиќ успеа да се врати и да победи.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Ѓоковиќ секогаш кога ќе го освои Вимблдон јаде трева, тоа го направи и овој пат.

Зошто?

„Како дете сонував да го освојам Вимблдон и тоа уште тогаш ми беше желба да го направам кога ќе победам во финалето“, објасни Ѓоковиќ.

Српскиот тенисер тоа го направи и во 2011 година кога прв пат го освои овој грен слем турнир, а потоа и во 2014, 2015, 2018 и вчера.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Шок за организаторот: Синер соопшти дека се повлекува!

Долгоочекуваната мешана двојка на УС Опен, која оваа сезона ќе се претстави во ново издани…