Дома Фудбал Зошто Меси денес е на клупата? Шпанците открија две верзии

Зошто Меси денес е на клупата? Шпанците открија две верзии

Роналд Куман денес ја изненади јавноста со одлуката Меси да го остави на клупата за резерви за натпреварот против Бетис.

Шпанските медиуми по информацијата дека Меси нема да биде стартер открија две верзии за ваквиот потег на Куман.


Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓


Каталонскиот „ТВ3“ извести дека Аргентинецот не игра затоа што има одредени физички проблеми, поточно чувствува болка во скочниот зглоб. Од друга страна од ПР службата на Барселона е соопштено дека станува збор за тактички потег и дека не станува збор за никаква повреда.

Меси ги играше сите официјални натпревари оваа сезона. Куман размислуваше да го одмори и против Гетафе во првенството или со Динамо Киев во Лигата на шампионите, но тоа не беше случај.

Останува да се види дали капитенот на Барселона на почетокот на следната недела ќе отпатува на собирот на репрезентацијата на Аргентина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Официјално: Ван Нистерлој е нов тренер на Лестер

Тоа што се најавуваше изминатите денови сега доби официјална потврда – Руд ван Нисте…