Дома Фудбал Зошто „Марка“ вчера толку слабо го оцени Модриќ? (ВИДЕО)

Зошто „Марка“ вчера толку слабо го оцени Модриќ? (ВИДЕО)

Лука Модриќ вчера мора да се признае одигра солиден натпревар, меѓутоа новинарите на „Марка“ не мислат така.

Скоро цел натпревар Модриќ играше на високо ниво, задоволство од неговиот настап после натпреварот истакна и Зидан. И коментаторот на „Спорт клуб“ после една грешка во 80. минута на хрватскиот фудбалер во преносот кажа дека тоа е единствена негова грешка.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Модриќ констатно ги разигруваше своите соиграчи, а при првиот гол имаше клучно додавање кон Азар кој му асистираше на Бензена. Хрватскиот капитен се обиде и со одличен удар во второто полувреме меѓутоа гостинскиот голман одлично реагираше.

Сето ова не беше доволно „Марка“ да му даде добра оцена. Од 13 играчи на Реал кои заедно ги оценуваат читателите и уредниците на „Марка“ Модриќ се најде на дури 10. место.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал Мадрид постави нов рекорд во Ла Лига

Сезоната во Ла Лига донесе ново поглавје во историјата на шпанскиот фудбал, а Реал Мадрид …