Гонзало Игуаин некогаш беше голема надеж на Реал Мадрид, но „кралевите“ одлучија да го продадат во летото 2013 година на Наполи и подоцна тој потег се покажа како грешка на Флорентино Перез.
Овој 30 годишен Аргентинец во Реал Мадрид пристигна во 2007 година од Ривер Плата и беше голема надеж на „кралевите“. Во белиот дрес Игуаин одигра 190 натпревари и постигна 107 погодоци.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Меѓутоа на изненадување на многумина Реал одлучи да го продаде на Наполи.
Сега таткото на фудбалерот на Јувентус, Жорге Игуаин на италијанските медиуми им откри поради што неговиот син го напуштил Реал Мадрид и го избрал токму Наполи.
Таткото на Игуаин исто така потврди дека се ескалирало поради конфликтот на неговиот син и претседателот на Реал, Флорентино Перез.
„Зошто го напушти Реал Мадрид? Па такво нешто посакуваше Перез. Гонзало не го сакаше Перез и беше јасно дека за него е најдобро да замине од клубот. Тој, Роналдо и Бензема можеа да бидат одличен напад, но претседателот на Реал тоа не го дозволи. Мило ми е што го продаде бидејќи подоцна му покажа на Перез дека направил голема грешка“, изјави Жорге Игуаин.