Дома Останати Тенис Знаете ли од која позиција на АТП листата Надал ќе се врати на терените?

Знаете ли од која позиција на АТП листата Надал ќе се врати на терените?

Рафаел Надал по една година пауза се враќа на терените и тоа на турнирот во Бризбејн кој ќе биде еден вид подготовка за Австралија Опен.

Освојувачот на 22 грен-слем титули поради повреда не е на терените од јануари, а тоа придонесе да се најде на дури 664. место на АТП листата.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Сепак и покрај тој пласман Надал нема да игра квалификации затоа што има заштитен пласман. Имено, тоа значи дека на првите девет турнири по враќањето ќе може да го искористи тој факт и да биде на главниот ждреб.

Поточно се гледа неговиот пласман во текот на трите месеци пред повредата, освен тоа тука се и специјалните покани од организаторите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Тенисерка од Египет стна хит: Не знаеше ниту да сервира! (Видео)

Денешниот натпревар на ITF турнирот W35 во Најроби предизвика неверување меѓу тениската пу…