Дома Фудбал Останато Златна топка – двајца кандидати се издвојуваат, финалето во ЛШ многу ќе одлучува

Златна топка – двајца кандидати се издвојуваат, финалето во ЛШ многу ќе одлучува

Изборот за Златната топка оваа година изгледа ќе биде доста полесен, ако се суди според анализите на светските медиуми.

Во потесниот избор најверојатно ќе влезат две имиња, а тоа се Карим Бензема и Садио Мане. Ова значи дека финалето во Лигата на шампионите помеѓу Реал Мадрид и Ливерпул може да одигра голема улога.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Ако Реал го освои трофејот Бензема ќе биде многу блиску, ако Ливерпул слави тогаш престижното признание може да заврши во рацете на Мане. Мане е во помала поредност можеби затоа што со Сенегал го освои и Афричкиот Куп на Нации, меѓутоа после финалето работите дефинитивно ќе бидат појасни.

Далеку зад Бензема и Мане е Роберт Левандовски кој е трет кандидат. Полскиот голгетер и сезонава е прва виолина во Баерн, но германскиот гигант беше елиминиран во Лигата на шампионите во четвртфиналето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Челси сака да се раздели со уште десетина играчи до затворањето на прозорецот

Челси веќе продаде речиси цел тим за вкупна сума над 200 милиони фунти, но клубот ќе напра…